Yusuf Özcan
31 Јануари 2022•Ажурирај: 01 Февруари 2022
ПАРИЗ (АА) – Запален маркет кој припаѓа на муслимани во градот Бон-Еконтре, во југозападна Франција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во веста објавена во францускиот весник „Ла Депеш“ („La Depeche“) се наведува дека синоќа бил опожарен маркет во Бон-Енконтре, а на неговиот ѕид е исцртана свастика, симболот на нацистите.
Се нагласува дека во пожарот е оштетена целата внатрешност на маркетот, кој е отворен во ноември 2021 година, но нема повредени лица.
Исто така се наведува дека полицијата нема сомнение дека станува збор за подметнување пожар, а за инцидентот е покрената истрага.
Три лица кои работеле во маркетот останаа без работа поради настанатиот инцидент.
Францускиот писател и политичар Томас Порте на Твитер напиша: „Овие расистички напади се страшни и нивните сторители мора да бидат строго казнети. Јасно е до каде стигнаа идеите на крајната десница.“