Michael Hernandez
20 Март 2019•Ажурирај: 21 Март 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Раководството на компанијата „Фејсбук“ соопшти дека околу 200 лица ја гледале снимката од терористичкиот напад кој напаѓачот на Нов Зеланд го пренесувал во живо на социјалната мрежа, но дека никој од тие луѓе не го пријавил случајот за снимката да биде блокирана, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека до отстранувањето на снимката од Фејсбук ја изгледале 4.000 лица, а дека компанијата првата пријава за насилно видео ја примила 29 минути по започнувањето, а 12 минути по завршувањето на видеото.
Челникот на Фејсбук, Крис Сондерби, изјави дека спорната видеоснимка е отстранета минута по пријавата.
Најмалку 50 лица се убиени во терористичкиот напад што во петокот се случи за време на петочната молитва во две џамии во новозеландскиот град Крајстчрч.
Новозеландската полиција го уапси 28-годишниот терорист Брентон Харисон Тарант од Австралија.
Иако Фејсбук и другите социјални мрежи ја отстранија снимката која напаѓачот ја објави, на интернет и понатаму е достапна снимката од крвавиот терористички напад.