Mustafa Talha Öztürk
24 Февруари 2021•Ажурирај: 25 Февруари 2021
БЕЛГРАД
Унгарија денеска стана првата земја членка на Европската Унија која ќе ја користи кинеската вакцина против коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Денеска ќе започнеме со инокулација на кинеската вакцина“, изјави премиерот Виктор Орбан во видеопорака на Фејсбук.
Земјата минатата недела ги доби првите 550.000 дози на вакцината против коронавирусот на „Синофарм“.
Унгарија е првата земја членка на ЕУ која има склучено договор за вакцина со Русија и Кина.
Унгарија овој месец исто така започна со употреба на руската вакцина „Спутник V“, со што стана прва меѓу земјите на ЕУ. Земјата ќе купи пет милиони дози на вакцина од Кина и два милиони дози на вакцина од Русија во текот на наредните четири месеци.
Сумата ќе биде доволна за да се вакцинираат 2,5 милиони луѓе во земја со речиси 10 милиони жители.