Jeyhun Aliyev
05 Април 2022•Ажурирај: 06 Април 2022
БУДИМПЕШТА (АА) - Најмалку пет лица загинаа кога воз удри во комбе на преминот на пруга во јужна Унгарија, соопштија локалните власти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пал Ѓорфи, портпаролот на Националната служба за итна помош, изјави на унгарската државна новинска агенција МТИ дека 13 лица се повредени во несреќата во регионот Чонград-Чанад.
Ѓорфи рече дека повредените се хоспитализирани, а дека две лица се во критична состојба.
На терен излегоа многу возила на итната помош, како и хеликоптери.
Унгарската железница соопшти дека комбето во моментот на судирот се нашло на преминот на пругата не почитувајќи ја сигнализацијата дека доаѓа воз.