Ruslan Rehimov
05 Април 2022•Ажурирај: 06 Април 2022
КИЕВ (АА) - Во нападите на руската војска во Украина животот го загубија 18 новинари, а 13 се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за култура и информативна политика на Украина сподели информации за новинарите кои ги загубија животите и беа повредени како резултат на руските напади.
Според информациите, 18 новинари, меѓу кои и 3 жени, се убиени во Украина од 24 февруари, кога почнаа нападите на Русија.
Исто така се информира дека за време на војната се повредени 13 новинари како резултат на разни напади, 3 новинари исчезнаа, а 8 новинари, меѓу кои 4 жени, се киднапирани.