Burak Bir
05 Април 2022•Ажурирај: 06 Април 2022
АНКАРА (АА) - Повеќе од 7,1 милион луѓе се внатрешно раселени во Украина откако Русија ја започна војната против Украина пред повеќе од 40 дена, соопшти Меѓународната организација за миграции на ОН, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Главните потреби вклучуваат готовина, лекови и здравствени услуги“, објави Меѓународната организација за миграции на Твитер, додавајќи дека половина од раселените се жени.
Организацијата додаде дека ќе продолжат да доставуваат хуманитарна помош во Украина.
На 24 февруари, Русија започна војна против Украина, што наиде на меѓународен гнев, при што Европската Унија, САД и Велика Британија, меѓу другите, спроведуваат строги санкции кон Москва.
Најмалку 1.430 цивили се убиени во Украина, а 2.097 се повредени, според проценките на ОН, а се стравува дека вистинската бројка е многу поголема.
Повеќе од 4,21 милион Украинци, исто така, побегнале во други земји, според Агенцијата за бегалци на ОН.