свет

Украина: Цвеќе за жртвите од рускиот напад врз трговскиот центар во Кременчук

Продолжуваат операциите за пребарување и спасување во трговскиот центар во Кременчук, кој во понеделникот беше бомбардиран од руските сили.

30.06.2022 - Обновена : 01.07.2022
Украина: Цвеќе за жртвите од рускиот напад врз трговскиот центар во Кременчук Фото: Narciso Contreras/AA

КРЕМЕНЧУК (АА) - Граѓаните оставаат цвеќе и им оддаваат почит на жртвите од рускиот напад на трговскиот центар во украинскиот град Кременчук, во кој загинаа најмалку 18 лица, а десетици беа повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во моментот на нападот во трговскиот центар имало повеќе од 1.000 цивили.

Продолжуваат операциите за пребарување и спасување во трговскиот центар во Кременчук, кој во понеделникот беше бомбардиран од руските сили.

Во нападот загинаа најмалку 18 цивили, а во градот е прогласена тридневна жалост.

Министерот за внатрешни работи на Украина, Денис Монастирски, изјави дека нема преживеани под урнатините на трговскиот центар.

„Се надевавме дека може да има повеќе преживеани во првите часови по нападот. Но поради пожарот што избувна 10-15 минути по ударот на проектилот, со сигурност можеме да кажеме дека нема преживеани“, рече Монастирски.

Руското Министерство за одбрана во вторникот соопшти дека нападот врз складиште за оружје и муниција во градот Кременчук предизвикал пожар во блискиот трговски центар кој не работи.

Украинските власти претходно ја обвинија руската војска за напад на трговскиот центар во Кременчук, тврдејќи дека најмалку 18 лица загинале, а многу други се повредени.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека во моментот на нападот, во трговскиот центар имало повеќе од 1.000 цивили.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.