Dildar Baykan Atalay
30 Јуни 2022•Ажурирај: 01 Јули 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот републикански сенатор Линдзи Грахам истакна дека ја поддржува продажбата на авионите Ф-16 на Туркије и дека Туркије е важен сојузник на НАТО, и покрај разликите во мислењата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Ја поддржувам одлуката на администрацијата на Бајден да ја поддржи продажбата на Ф-16 на Туркије, нашиот клучен сојузник во НАТО“, напиша Грахам на својот твитер-профил.
Посочувајќи дека Туркије е важен сојузник на НАТО, и покрај разликите во мислењата, Грахам рече: „Ова им служи на националните безбедносни интереси на Америка.“
Грахам во објавата на Твитер нагласи: „Подобрувањето на воздухопловните капацитети на Туркије ќе биде од корист за Туркије, САД, НАТО и регионалната безбедност.“
Селесте Валандер, потсекретарката за одбрана на Соединетите Американски Држави (САД) за меѓународни безбедносни прашања, вчера на телефонски брифинг, оценувајќи го барањето на Туркије за купување нови борбени авиони Ф-16 и модернизирање на постојните Ф-16, рече: „САД целосно ги поддржуваат плановите на Туркије за модернизација на турската флота на Ф-16.“