свет

Зеленски: Ослободивме 144 украински војници заробени од Русија

„Спасивме 144 украински војници од руско заробеништво. Меѓу нив, 59 од националните гарди, 30 од поморските сили, 28 војници, 17 граничари, 9 војници кои се борат против тероризмот и 1 полицаец.“

Meiramgul Kussainova  | 30.06.2022 - Обновена : 01.07.2022
Зеленски: Ослободивме 144 украински војници заробени од Русија

КИЕВ (АА) - Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, соопшти дека спасиле 144 украински војници кои Русија ги држела во заробеништво, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Наведувајќи дека преку видеопорака сака да пренесе оптимистичка и важна вест Зеленски рече: „Спасивме 144 украински војници од руско заробеништво. Меѓу нив, 59 од националните гарди, 30 од поморските сили, 28 војници, 17 граничари, 9 војници кои се борат против тероризмот и 1 полицаец.“

Зеленски соопшти дека најстариот од спасените украински војници има 65, а најмладиот 19 години: „Особено 95 бранители на „Азовстал“ се враќаат во своите домови. Ќе направиме сè за секој Украинец го вратиме дома.“

Единицата за разузнавање при Министерството за одбрана на Украина вчера соопшти дека е реализирана најголемата размена меѓу Русија и Украина од почетокот на војната на 24 февруари, и дека како резултат на тоа вратиле вкупно 144 украински војници, од кои 95 војници од фабриката „Азовстал“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.