Ömer Olcay
30 Јуни 2022•Ажурирај: 30 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Туркије соопшти дека Мемет Гезер, за кого се верува дека има издадено налог за нападот во Рејханли, во 2013 година, е екстрадиран во Туркије од САД, каде што беше во притвор, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се наведува дека Мемет Гезер е приведен во САД поради трговија со дрога. На Туркије беше екстрадиран откако Јусуф Назик, кој го планираше нападот на Рејханли, во своето сведочење откри дека наредбата за овој напад ја добил од Гезер.
Одделот за Европол на Интерпол, кој бил информиран дека Гезер е во САД, во соработка со американските власти ја договорил неговата депортација.
Гезер, кој беше донесен во Туркије во придружба на американски официјални лица, од аеродромот во Истанбул беше однесен од тимови на полициската управа на Анкара од Одделот за борба против тероризмот (ТЕМ).
Роден на 9 мај 1967 година во Антакија, Туркије, Гезер беше под меѓународна црвена потерница за „шверц со дрога“ и на национално ниво за 17 кривични дела, вклучително и „членство во вооружена терористичка организација“ и „уништување на унитарноста на државата и интегритетот на земјата“.
Во квартот Рејханли во Хатај, Туркије, во две одвоени експлозии во 2013 година, веднаш до општинската зграда и пред зградата на поштата, животот го загубија 53 лица, а уништени беа 912 стана, 891 деловни простории и 148 возила.