свет, Коронавирус

Ковид-19 во земјите на Латинска Америка: 277 починати во Бразил, 31 во Мексико

– Во земјите од Латинска Америка се забележува зголемување на бројката на новозаразени и смртни случаи предизвикани од новиот тип на коронавирус (Ковид-19)

Sinan Doğan  | 30.06.2022 - Обновена : 30.06.2022
Ковид-19 во земјите на Латинска Америка: 277 починати во Бразил, 31 во Мексико

БУЕНОС АИРЕС (АА) – Во земјите од Латинска Америка се забележува зголемување на бројката на новозаразени и смртни случаи предизвикани од новиот тип на коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во последните 24 часа од последиците предизвикани од Ковид-19 во Бразил починаа 277 лица, во Мексико 31, во Гватемала 19, во Чиле 8, во Перу 4.

Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 277 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 671.194. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 75.925, со што вкупниот број позитивни на коронавирусот се зголеми на 32.283.345.

По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот и на оздравени од заразувањето со овој вирус. Во оваа земја оздравеа 30.764.923 лица што претходно биле позитивни на Ковид-19.

Според бројката на смртни случаи на светско ниво, Бразил се наоѓа на второто место, по САД.


– Мексико

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 31 лице заразени со коронавирусот, а детектирани се 23.148 новозаразени.

Во Мексико, кое брои популација од 126 милиони жители, досега се регистрирани 325.669 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 6.010.065. Во оваа земја досега оздравеа 5.184.848 лица позитивни на Ковид-19.

Мексико се наоѓа на петтото место во светот според бројот на смртни случаи предизвикани од Ковид-19.


– Гватемала

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Гватемала, во последните 24 часа починале 19 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, со што вкупниот број на починати се искачи на 18.535. Детектирани се 4.342 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 905.642 од почетокот на пандемијата.

Досега оздравеа 854.440 лица претходно заразени со новиот тип на коронавирус.


– Перу

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 4 лица од последици предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.109 новозаразени.

Во оваа земја вкупниот број заразени се искачи на 3.620.801, починаа 213.483 заразени, а оздравеа 3.586.211 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.


– Чиле

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Чиле, во последните 24 часа починале 8 лица од последици предизвикани од Ковид-19, со што вкупниот број на починати се зголеми на 58.467.

Во истиот период детектирани се 6.106 лица позитивни на коронавирусот, вкупно 3.979.797 од почетокот на пандемијата, а оздравеа 3.880.430 заразени.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.