Müslüm Etgü
14 Мај 2017•Ажурирај: 15 Мај 2017
ШАНЛИУРФА (АА) - Националните револуционерни сили на Хасака и опозициската заедница дадоа заедичко соопштение во кое се вели дека ПЈД, која е огранок на терористичката организација ПКК во Сирија, веќе три години се обидува да ги асимилира Сиријците кои живееат во подрачјата под нивна контрола, јавува Anadolu Agency (AA).
- „Нашата младина е принудена да застане на страната на терористите” -
Во соопштението се истакнува дека сирискиот народ е изложен на секаков вид закани, притисоци за преселби и терористички насилства од страна на терористичката организација ПЈД/ПКК.
„Нашиот народ се наоѓа во состојба на глад и на беда, нашата младина е принудена да застане на страната на терористите. Во изминатите денови во селото Харбит Елшајир, беше извршен оружен напад во домот на Сириецот Рами ел-Турки, поради тоа што не прифатил да биде милитант на ПЈД/ПКК. Во нападот животот го загубиле Рами и неговиот татко, додека останатите членови од семејството се ранети. Во болницата која се наоѓа во Ресулајн биле однесени ранетите членови од семејството, но истите биле исфрлени од болницата од страна на припадници на терористичката организација ПЈД/ПКК. Нам воопшто не ни делуваат веродостојно тврдењата на САД дека се борат против тероризмот, бидејќи и покрај сите овие убиства, САД ја поддржува терористичката организација ПЈД/ПКК”, се вели во соопштението.
- „Ја осудуваме помошта во оружје што ја дава САД” -
Во продолжението на соопштението се истакнува дека помошта во оружје што САД ја даваат на терористичката организација ПЈД/ПКК ќе придонесе за зголемување на масакрот во подрачјето.
„Ја осудуваме САД поради помошта во оружје што ја дава. Посакуваме меѓународната заедница да ги запре овие убиства”, се вели во соопштението.