Davit Kachkachishvili
10 Октомври 2022•Ажурирај: 11 Октомври 2022
КИЕВ (АА) - Началникот на Генералштабот на украинската Армија, Валериј Залужниј, соопшти дека руските сили утрово лансирале 75 ракети во неговата земја, од кои 41 се уништени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Залужниј нагласи дека Русија извршила воздушни напади врз Украина.
Според него, во овие напади се користени ракети и беспилотни летала.
„Русија утрово лансира 75 ракети, од кои 41 се неутрализирани од страна на нашиот воздушно-одбранбен систем“, рече Залужниј.