Ekip
25 Март 2023•Ажурирај: 27 Март 2023
КИЕВ (АА) - Генералштабот на украинската војска соопшти дека Русија во изминатиот ден извршила 50 воздушни и 11 ракетни напади на Украина, известува Анадолу.
Во соопштението на Генералштабот на украинската војска се наведува дека продолжуваат руските напади.
„Русија изведе 75 напади на позициите на нашите војници и цивилната инфраструктура со повеќецевни ракетни системи“, објави Генералштабот на украинската војска.
Во соопштението се вели дека во нападите има загинати цивили и се додава дека руските сили ги интензивирале нападите во правец на градовите Лиман, Бахмут, Авдиивка, Маринка и Шахтарска.
Генералштабот на украинската војска информира дека украинските ракетни и артилериски единици уништиле два руски командни центри, два противвоздушни ракетни системи и две станици за електронско војување.