Elena Teslova
25 Март 2023•Ажурирај: 27 Март 2023
МОСКВА (АА) - Русија мора да ја зголеми својата војска, смета Дмитриј Медведев, заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност и поранешен претседател на таа земја, известува Анадолу.
„За да може успешно да се брани, на Москва ѝ е потребна војска со мешавина на регрути и професионалци“, рече Медведев денес одговарајќи на прашањата на корисниците на руската социјална мрежа ВК.
Тој додаде дека руската војска мора да има најмалку 1,5 милиони војници.
Русија минатата година ги претстави плановите за зголемување на своите вооружени сили од 1,15 милиони на 1,5 милиони војници. Оттогаш по тоа прашање се одржани неколку состаноци на највисоко ниво.
Медведев ги коментираше и мерките за спречување на „странските агенти“ да заработуваат пари во Русија, мислејќи на луѓето за кои рече дека ја навредуваат земјата откако се преселиле во странство.
„Ако сакате да живеете таму, живејте таму. Ако сакате да зборувате гадни работи за Русија, само напред, но, во тој случај, не можете да заработувате пари од Русија“, рече Медведев.
Руските пратеници веќе ги предложија чекорите за прекин на финансискиот пристап на луѓето кои ја напуштија земјата и ги осудија нејзините акции против Украина.