свет

Русија соопшти дека следната рунда консултации со САД е откажана на иницијатива на Вашингтон

„Се надеваме дека паузата што ја направија нема да биде предолга“

Burç Eruygur  | 16.06.2025 - Обновена : 19.06.2025
Русија соопшти дека следната рунда консултации со САД е откажана на иницијатива на Вашингтон

ИСТАНБУЛ (АА) – Руското Министерство за надворешни работи денес соопшти дека следната рунда консултации меѓу Москва и Вашингтон е откажана на иницијатива на американската страна, јавува Анадолу.

Во писмен коментар портпаролката на Министерството, Марија Захарова, истакна дека средбата, која требаше да биде дел од консултациите за нормализирање на работата на дипломатските мисии на Русија и САД, била откажана од американските преговарачи.

„Се надеваме дека паузата што ја направија нема да биде предолга“, продолжи Захарова, без да ја наведе причината за откажувањето.

Американските власти не ги потврдија или коментираа веднаш изјавите на Захарова.

Консултации насочени кон нормализирање на работењето на амбасадите на Русија и САД и решавање на пречките во билатералните односи се одржаа во турската метропола Истанбул на 27 февруари и 10 април.

Минатата недела рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев, за државната новинска агенција ТАСС изјави дека третата рунда преговори се планира да се одржи во Москва „во блиска иднина“, но посочи дека одлуката за преместување на локацијата во престолнините на двете земји сè уште е на „прелиминарно“ ниво.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.