Dmitri Chirciu
04 Мај 2022•Ажурирај: 05 Мај 2022
АНКАРА/ЛАВОВ (АА) - Ракетни напади уништија три електрични трафостаници во Лавов, Украина, соопшти градоначалникот на градот, Андреј Садовиј, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Како резултат на ракетен напад, две електрични трафостаници се оштетени. Дел од градот нема струја“, рече Садовиј на Твитер.
Тој истакна дека околните згради биле исто така оштетени и дека две лица биле повредени во нападот.
Најмалку 3.193 цивили загинаа и 3.353 други се повредени во Украина од почетокот на војната со Русија која започна на 24 февруари, според проценките на ОН. Се стравува дека вистинската бројка е многу поголема.
Повеќе од 5,5 милиони луѓе заминаа во други земји, а околу 7,7 милиони луѓе се внатрешно раселени, според податоците на Агенцијата за бегалци на ОН.