свет

Украина: Повредени неколку цивили, уништени куќи во руски напад на Суми

- Спасувачките екипи успеаја да извлечат еден локален жител од урната зграда

Oktaj Omeragikj  | 26.07.2025 - Обновена : 27.07.2025
Украина: Повредени неколку цивили, уништени куќи во руски напад на Суми

СУМИ (АА) – Неколку цивили се повредени, а сериозно се оштетени неколку станбени згради денес во руски напад врз североисточниот украински град Суми, објави Државната служба за вонредни состојби на Украина, известува Анадолу.

Спасувачките екипи успеаја да извлечат еден локален жител од урната зграда, информираа официјални лица.

Во средата, Москва и Киев одржаа трета рунда мировни преговори во Истанбул.

Страните разменија предлози за идниот развој на мировниот процес, а Киев предложи одржување самит на лидерите кон крајот на август.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во петокот изјави дека сè уште верува дека ќе се одржи средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Владимир Зеленски и изрази жалење што тоа сè уште не се случило.

Кремљ соопшти дека средбата меѓу Путин и Зеленски е можна само со цел финализирање на мировен договор.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın