Faruk Zorlu
13 Јануари 2019•Ажурирај: 13 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Турција денес изрази сочувство до Франција во врска со експлозијата на гас во пекарницата во Париз, јавува Anadolu Agency (АА).
„Изразуваме сочувство до народот и Владата на Франција, како и на блиските на оние кои ги загубија своите животи и им посакуваме побрзо закрепнување на повредените лица“, се вели во соопштението издадено од страна на турското Министерство за надворешни работи.
Најмалку 3 лица загинаа, а 47 се повредени, од кои 10 потешко, по експлозија на гас која се случи во пекарница во Париз вчера.
Според наводите на полицијата, огнот зафатил зграда по експлозијата во пекарницата во улицата „Тревис“ во 9. париски округ.