Mahmoud Barakat
13 Јануари 2019•Ажурирај: 14 Јануари 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху призна дека ги нападнале позициите на Иран и Хезболах во сирискиот главен град Дамаск, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Израелските безбедносни сили нападнаа стотици цели на Иран и Хезболах“, изјави Нетанјаху за време на неделниот состанок на Владата денес.
„Само во изминатите 36 часа, воздушните сили нападнаа складишта полни со оружје на Иран на Меѓународниот аеродром „Дамаск““, беше цитиран Нетанјаху од весникот „Тајмс“.
Изјавите на Нетанјаху индицираат на официјално признавање од страна на Израел за петочните напади во Дамаск.
Официјалната сириска новинска агенција САНА објави дека во петокот сириските воздушни сили пресретнале ракети истрелани од израелските авиони врз позициите во Дамаск.