Süleyman Elçin
13 Јануари 2019•Ажурирај: 13 Јануари 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Министерството за надворешни работи на САД соопшти дека американскиот државен секретар Мајк Помпео и министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, телефонски разговарале за повлекувањето на американските сили од Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Државниот секретаријат на САД, Роберт Паладино, во саботата соопшти дека Помпео и Чавушоглу се свесни за значењето на САД и Турција, кога станува збор за повлекувањето на американските сили од Сирија на координиран и насочен начин.
„Помпео укажа на значењето кое САД го придаваат на силите кои соработуваат со САД и глобалната коалиција во борбата против ДЕАШ. Тој го повтори ветувањето за отстранувањето на грижите кои Турција ги има кога станува збор за безбедноста на сириската граница“, истакна Паладино.
Тој додаде дека официјалните претставници разговарале и за американскиот државјанин Серкан Голге, уапсен во Турција, како и за другите членови на Конзулатот.
Голге, на кого во Хатај, во рамките на судењето против припадниците на терористичката организација ФЕТО, му се судеше поради членство во „вооружена терористичка организација“, е осуден на затворска казна во траење од 7 години и 6 месеци.