Berk Özkan
18 Септември 2021•Ажурирај: 18 Септември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Истанбул се состана со српскиот претседател Александар Вучиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Средбата се одржа во палатата „Вахдетин“ во истанбулската населба Ченгелкој и беше затворена за медиумите.
На претставниците на медиумите им беше дозволено да го забележат само почетокот на состанокот, по што разговорот продолжи зад затворени врати.