Muhammet Tarhan
23 Ноември 2021•Ажурирај: 24 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Северна Македонија по повод сообраќајната несреќа на автобусот со македонски регистерски таблички којашто се случи во Бугарија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турција со сочувство за загинатите во сообраќајната несреќа на автобусот од Северна Македонија
Информацијата ја потврдија дипломатски извори.
Чавушоглу во разговорот со Османи упатил сочувство за загубените животи во сообраќајната несреќа.
Најмалку 46 луѓе починаа откако автобус со македонски регистарски ознаки се запали на автопат во западна Бугарија рано утринава. Меѓу починатите 12 се деца.