Zehra Nur Düz
28 Септември 2019•Ажурирај: 29 Септември 2019
ШАНЛИУРФА (АА) - Турските и американските вооружени сили го спроведоа својот седми заеднички хеликоптерски лет над планираната безбедносна зона источно од реката Еуфрат, во северна Сирија, јавува Anadolu Agency (АА).
Според новинарите на Anadolu Agency од терен, два турски и два американски хеликоптери полетаа од Шанлиурфа, југоисточна Турција, каде што вооружените сили на двете земји имаат заеднички оперативен центар.
Тие полетаа на сириската страна на границата.
По летот, кој траеше еден час, хеликоптерите се вратија во центарот.
Вооружените сили на земјите претходно извршија шест заеднички хеликоптерски летови и две копнени патроли.
Според Министерството за одбрана на Турција, заедничките патроли беа спроведени како дел од договорот за планираното воспоставување безбедносна зона во северниот дел на Сирија.
Турските и американските воени официјални претставници на 7 август потпишаа договор дека безбедносната зона на северниот дел на Сирија ќе служи како „коридор на мир“ за раселените Сиријци, кои сакаат да се вратат во своите домови. За таа цел е воспоставен заеднички оперативен центар во Турција.
Договорот, исто така, предвидува спроведување неопходни мерки во однос на безбедносната загриженост на Турција, како што се расчистување на зоната од терористичката организација ЈПГ/ПКК, со која САД беа сојузници, и покрај приговорите на Турција.