Ekipa
15 Јули 2021•Ажурирај: 19 Јули 2021
АДИС АБЕБА (АА) - Турската Фондација „Маариф“ денеска ја презеде целата администрација на училиштето кое претходно го водеше терористичката организација ФЕТО во етиопската држава Оромио, по неколку години правна борба, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Наскоро, по завршувањето на преносот на средствата, ќе следува официјалното примопредавање на училиштето“, изјави за АА, Левент Шахин, претставник на „Маариф“ во Етиопија.
Неодамна стекнатото училиште во градот Себата е второ училиште во Етиопија откако турската Фондација „Маариф“ го презеде училиштето управувано од терористичката организација ФЕТО во Харар во јули 2019 година.
Шахин исто така рече дека во тек е правната битка за преземање контрола врз уште четири училишта во главниот град Адис Абеба и дека наскоро банкарските сметки и имотот на училиштата управувани од ФЕТО ќе бидат замрзнати со судска наредба.
„Федералните и државните јавни обвинители ги испитуваат компаниите на ФЕТО во земјата и тие се обвинети за терор и перење пари“, рече тој.
„По истрагата, државните јавни обвинители одлучија да ги суспендираат лиценците за образование на компанијата „Стем“ во припадност на терористичката организација. Ние сакаме да видиме дека ова ќе биде пример за другите училишта“, додаде Шахин.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), го организираа неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а повредени беа 2.734 лица.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок преку инфилтрирање на своите приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.