Lale Köklü Karagöz
15 Јули 2021•Ажурирај: 16 Јули 2021
ХАТАЈ (АА) - Гувернерот на Хатај, Рахми Доган, истакна дека бројот на тела пронајдени во подрачјето на Африн, Сирија, кое пред турската операција „Маслинова гранка“ беше под контрола на терористите на ЈПГ/ПКК, се искачи на 61, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за медиумите по неговата посета на гробиштата на шехидите во Антакија како дел од програмата за одбележување на 15 Јули, Денот на демократијата и националното единство во Турција, гувернерот Доган потсети дека вчера во Африн по дојава, под надзор на локалната полиција и обвинител, пронајдена е масовна гробница.
Подвлекувајќи дека ова е злосторство против човештвото, Доган нагласи:
„Одвреме-навреме на виделина излегува какви злосторства извршувала и што правела терористичката организација ЈПГ/ПКК. Вчера објавивме бројка од 35 тела, но од утрото бројката се зголеми на 61, а работите продолжуваат. Неколку дена пред операцијата на Република Турција во Африн, непознат број на цивили во Африн се убиени од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК. Убиените лица се погребани во масовните гробници во предградието на Африн. Вчера по дојава започнаа работите за пребарување. Мислиме дека бројката кон вечерните часови ќе се зголеми. Локалниот обвинител, здравствените единици, локалната полиција продолжуваат со својата работа. Сакаме сите меѓународни организации и целото човештво да го види ова злосторство против човештвото извршено од терористичката организација ЈПГ/ПКК.“
- „Сакаме ова злосторство против човештвото да го видат и меѓународните организации“ -
Гувернерот Доган потсети дека минатиот месец терористичката ЈПГ/ПКК нападнала болница во Африн, при што животот го загубиле 14 цивили.
Нагласувајќи дека терористичката организација продолжува да го вознемирува цивилното население, Доган додаде:
„Цивилите кои живеат во Африн се вознемирувани од ракетите што ги исфрлаат од Тел Рифат и Мунбич. Нашите пријатели продолжуваат со работата. Ние ќе продолжиме со јавноста да ги споделуваме случувањата тука. Уште еднаш ја проколнувам терористичката организација ЈПГ/ПКК. Исто така, барам злосторствата против човештвото да бидат видени од страна на меѓународни организации и тие да дојдат и да ги следат на самото место.“