Adsız Günebakan
12 Август 2021•Ажурирај: 12 Август 2021
ГАЗИАНТЕП
Најмалку 12 припадници на терористичката организација ПКК се приведени во југоисточна Турција, велат безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Тие беа фатени во неколку рации извршени во Газиантеп како дел од истрагата започната од страна на канцеларијата на јавниот обвинител“, велат извори, кои зборуваа под услов да останат анонимни.
„Осомничените се бараат поради вмешаност во активности на пропаганда за терористичката организација ПКК“, додаваат изворите.
ПКК е сепаратистичка организација што се наоѓа на списокот терористички организации во Турција, Европската Унија и во САД. За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.