Yasemin Kalyoncuoğlu
03 Мај 2020•Ажурирај: 04 Мај 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 63.151, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 24.001 тестирањe за Ковид-19, од кои 1.670 лица сe позитивни на овој вирус.
Во последните 24 часа починаа уште 61 лицe како последица на оваа пандемија, а излекувни се уште 4.892 лицa.
Во Турција се извршени вкупно 1 милион 135 илјади и 367 тестирања, откриени се вкупно 126.045 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 3.397 лица.
Се нагласува дека 1.424 лица се наоѓаат на интензивна нега, додека вкупно излекувани се 63.151 лицe.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција.
„Од 11 март досега за прв пат бројот на излекувани лица е поголем од бројот на моментално заболени пациенти. Резултатите ќе бидат уште подобри со почитување на мерките“, напиша Коџа.