Diyar Güldoğan
05 Септември 2018•Ажурирај: 05 Септември 2018
АНКАРА (АА) - „Последниот состанок меѓу работните групи на Турција и Русија за Сирија се одржа од 31 август до 4 септември“, соопштија од Министерството за одбрана на Турција денес, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството соопштија дека состанокот бил фокусиран на последните случувања во Сирија и регионалната безбедност.
Во соопштението се додава дека заедничките работни групи ќе продолжат и во иднина.
Состанокот се одржа пред трилатералниот самит меѓу Турција, Русија и Иран, кој треба да се одржи на 7 септември во Техеран.