Burak Dağ
09 Февруари 2021•Ажурирај: 10 Февруари 2021
АНКАРА
Турските вооружени сили продолжуваат да им обезбедуваат антитерористичка обука на Либиските вооружени сили, се соопштува од турското Министерството за одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Како дел од договорот за воена обука, помош и советување, продолжуваме да обезбедуваме обука за Вооружените сили на Либија. Нашиот персонал им обезбедува „Основна обука за борба против тероризмот“ на либиските војници во Командата на заедничкиот центар за поморска обука во Хомс“, соопшти Министерството на социјалната мрежа Твитер.
На 27 ноември 2019 година, Анкара и Триполи потпишаа два меморандуми за разбирање: едниот за воена соработка и другиот за поморските граници на земјите во Источен Медитеран.
Либија е погодена од граѓанска војна по соборувањето на починатиот владетел Моамер Гадафи во 2011 година.
Минатиот петок, ривалските политички групи во Либија се согласија да формираат привремена влада на единство по петдневните разговори на Либискиот форум за политички дијалог (LPDF) предводен од ОН во Швајцарија.
Мохамад Јоунс Менфи е избран за шеф на тричлениот Совет на Претседателството, а Моса ал-Кони и Абдулах Хусеин ал-Лафи се другите двајца членови. Абдул Хамид Дибејбе беше избран за премиер.