Osman Öksüz
09 Септември 2020•Ажурирај: 14 Септември 2020
МАРДИН
Во акција, која припадниците на жандармеријата и разузнавачката служба (MIT) ја извршија во Мардин, Турција, фатени се двајца терористи Сиријци за кои е утврдено дека од Сирија во Турција влегле со експлозив и планирале напади во поголемите градови. Фатен е и нивен помагач, јавува Агенција Анадолија (АА).
Имено, за време на техничкиот и физички надзор во заедничката акција на МИТ и припадниците на жандармеријата, утврдено е дека терористите имале намера да извршат напади во густо населени средини и во места на кои се наоѓаат голем број луѓе, а меѓу кои се трговски центри и продавници. Воедно, откриено е и дека терористите се сокривале во куќи на лица со потекло од Сирија.
Специјалците во текот на ноќта извршија претрес во куќата во која престојуваше Сириецот Г. E. E., а таму се фатени и М. Н. и Е. Т., кои поседувале два ранци, во кои се наоѓало 15 килограми експлозивен материјал, четири запалки, мемориски картички и друга опрема која имале намера да ја користат за напад.
Запленети се и три телефони.
Во тек е процесуирање на приведените лица.
Екипата на контрадиверзионата заштита утврди дека разорната моќ на запленетиот материјал е исклучително висока и дека доколку експлодирал, би можел да уништи трикатница.