Maria Elisa Hospita
09 Септември 2020•Ажурирај: 09 Септември 2020
ЏАКАРТА (АА) - Асоцијацијата на нациите на Југоисточна Азија (АСЕАН) денеска во онлајн формат одржува состанок на министрите за надворешни работи, а домаќин е Виетнам, јавува Агенција Анадолија (АА).
Премиерот на Виетнам, Нгујен Сјуан Пуч, за време на воведното обраќање изјави дека светот се соочува со невидени предизвици, особено за време на пандемијата на Ковид-19.
Тој појасни дека Фондот за борба против Ковид-19, кој АСЕАН има намера да го оформи, треба да пружи медицинска помош во борбата против вирусот во земјите на целиот регион и да понуди решенија за ефикасно контролирање на заразата.
„Треба веднаш да помогнеме на нашите луѓе и компании да го обноват производството и да го вратат животот во нормала за да го забрзаме економското закрепнување“, изјави Пуч пред министрите за надворешни работи.
Министрите за надворешни работи би требало да разговараат за регионалните и меѓународните прашања, меѓу кои се случувањата во Јужнокинеското Море, Корејскиот Полуостров и прашањето за Рохинџите во Мјанмар.