Barış Gündoğan
05 Февруари 2016•Ажурирај: 06 Февруари 2016
МАРДИН (АА) - Премиерот на Република Турција, Ахмет Давутоглу, го претстави денес акциониот план за борба против тероризмот кој се состои од десет точки, јавува Anadolu Agency (AA).
Првата точка на акциониот план, кој го претстави Давутоглу на Конференцијата на братски средби на Универзитетот "Artuklu" во турскиот град Мардин, е психолошкиот фактор.
Овој фактор подразбира обединување на народната свест и мудрост со државата. Со други зборови, разликите меѓу граѓаните и државата во потполност ќе исчезнат, а на местото на сепаратистичкиот национализам ќе дојде концептот на обединување и интегрирање на народот, односно концептот на државата фокусиран на човекот.
Втората точка на планот се однесува на воспоставување на јавниот ред и мир, а секој поединец или група која ќе го нарушува ќе добие заслужен одговор.
На трето место се наоѓа започнувањето на сеопфатни демократски реформи. Од измената на Уставот на Турција па сè до промени на правилата за старателство.
Прогласување на потполна социјална мобилизација, е четвртата точка на акциониот план, која се однесува на поддршката на семејството. Секое семејство на кое му е потребно, ќе му биде понудена програма за поддршка.
Кога станува збор за петтата точка таа се однесува на економијата, поточно јакнењето на регионалната економија. Оваа точка подразбира правење чекори кон создавање на нови работни места.
На шесто место се наоѓа обновата на историските споменици. Врз основа на новиот закон ќе бидат обновени сите историски градови. Ова се однесува и на измената на комплетната инфраструктура на градовите со историски споменици.
Седмата точка се однесува на примената на делотворна комуникациска стратегија со помош на која ќе се пренесуваат информации во светот.
На осмо место се правните и административни измени, т.е проширување на овластувањата на локалната самоуправа, со тоа што на локалната самоуправа нема да ѝ биде дозволена злоупотреба на тие овластувања.
Деветата точка го претставува новиот период кога станува збор за „националното братство”. Тоа се однесува на народот, односно формирање на „советодавни Совети” во сите турски градови.
Последната точка од акциониот план се однесува на започнување на новото време на братството, односно започнување на сеопфатна „акција за обединување”.