Mücahit Oktay
09 Септември 2020•Ажурирај: 10 Септември 2020
ЊУЈОРК (АА) - Во заедничката писмена изјава на деветте фармацевтски компании кои работат на вакцината за Ковид-19, вклучувајќи ги компаниите како што се „Модерна“ (Moderna), „Фајзер“ (Pfizer) и „Новавакс“ (Novavax) во САД, се истакнува дека потенцијалните вакцини нема да се одобрат, сѐ додека во третата фаза на клиничките испитувања не се докаже дека тие се безбедни, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Секогаш наш приоритет ќе биде безбедноста и благосостојбата на вакцинираните лица“, се вели во соопштението.
Во заедничката изјава компаниите истакнаа дека развиените вакцини нема да ги достават до Администрацијата за храна и лекови за одобрување, сѐ додека во третата фаза на клиничките испитувања не се докаже дека тие се безбедни.
- Заедничката изјава дојде откако Трамп говореше за вакцината -
Соопштението на најголемите фармацевтски компании кои работат на вакцината за коронавирусот, дојде во периодот кога американскиот претседател Трамп говореше за процесот на одобрување на вакцините и во време кога во јавноста се појавија сомнежи за вакцинацијата.
Трамп на вчерашната прес-конференција, во однос на тоа дали вакцината за Ковид-19 ќе биде достапна пред претседателските избори на 3 ноември, рече: „Многу скоро ќе бидеме вакцинирани. Можеби и пред еден многу важен датум. Знаете за кој датум зборувам.“
Од друга страна, според резултатите од заедничкото истражување на агенциите НПР-ПБС (NPR-PBS), спроведена минатиот месец, 35 проценти од испитаниците наведоа дека и да се најде вакцина, тие не би прифатиле да бидат вакцинирани за коронавирусот.