Barış Gündoğan
28 Мај 2020•Ажурирај: 30 Мај 2020
АНКАРА
Министерството за одбрана на Турција соопшти дека се неутрализирани тројца терористи на ПКК во подрачјето Хакурк кое се наоѓа во северниот дел на Ирак, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турското Министерство за одбрана преку својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша дека со голема решителност ги продолжува операциите насочени против терористичката организација ПКК.
Во соопштението се наведува дека по извршени извидување и набљудување, изведена е воздушна операција во која се неутрализирани тројца терористи на ПКК во подрачјето Хакурк во северниот дел на Ирак.