Adam Abu-bashal
28 Мај 2020•Ажурирај: 30 Мај 2020
АБУЏА
Во североисточниот дел на западноафриканската земја Нигерија се преврте кану кое превезувало патници. Во несреќата животот го загубија најмалку 15 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Алхаџи Шеху Нинги, генералниот секретар на Нигериската агенција за управување со вонредни состојби за сојузната држава Баучи, соопшти дека кану кое превезувало патници по реката Гваскарам потонало поради преоптовареност.
Нинги информира дека се спроведени спасувачки операции во кои се пронајдени телата на 15 лица, а спасени се 3 лица, додавајќи дека во тек се операции за пронаоѓање на преостанатите патници на кануто.
Одвреме-навреме во дождовните периоди се случуваат бродски несреќи во нигериските реки.