свет, Коронавирус

Борба против Ковид-19: ЕУ подготвува нова здравствена програма вредна 9,4 милијарди евра

- Истакнувајќи дека здравствениот систем мора да биде подготвен за различни предизвици, Кириакидоу соопшти дека за новата програма од буџетот на ЕУ до 2027 година ќе бидат издвоени 9,4 милијарди евра

Ata Ufuk Şeker  | 28.05.2020 - Обновена : 29.05.2020
Борба против Ковид-19: ЕУ подготвува нова здравствена програма вредна 9,4 милијарди евра

БРИСЕЛ 

Во рамките на борбата против пандемијата Ковид-19, раководството на Европската Унија подготвува нова здравствена програма вредна 9,4 милијарди евра, јавува Агенција Анадолија (АА).

Комесарката на Европската Унија за здравство и прехрана, Стела Кириакидоу, во Брисел изјави дека во поодмината подготовка е новата програма за јакнење на здравствениот систем во ЕУ.

Истакнувајќи дека здравствениот систем мора да биде подготвен за различни предизвици, Кириакидоу изјави дека за новата програма од буџетот на ЕУ до 2027 година ќе бидат издвоени 9,4 милијарди евра.

„Парадигмата на Европската Унија на полето здравство е променета, здравјето на луѓето е еден од приоритетите“, порача Кириакидоу.

Таа понатаму изјави дека во рамките на новата програма ќе бидат создадени резерви медицинска опрема во подготовката за брзо дејствување во кризни ситуации.

Програмата предвидува и различни едукации на медицинскиот персонал, а здравствените закани во општеството ќе бидат надгледувани со дополнителна претпазливост.

За спроведување на програмата е неопходно одобрение од Европскиот парламент и од сите членки на ЕУ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.