Islam Doğru
28 Мај 2020•Ажурирај: 29 Мај 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 1.511 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 102.197 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според интернет страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа се потврдени 18.817 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се зголеми на 1.747.781.
Од Ковид-19 во САД починаа уште 1.511 лица со што вкупната бројка на починати се искачи на 102.197.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Бразил со 414.661 откриен случај, Русија со 379.051 откриен случај, и Шпанија со 283.849 откриени случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Њу Џерси и Илионис.
Во Њујорк откриени се 374.672 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 29.553 лица.
Во САД досега се извршени над 15 милиони 893 илјади тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус надмина 490.000.