Betül Yürük
28 Мај 2020•Ажурирај: 29 Мај 2020
ЊУЈОРК
Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш повика на ублажување на долговите на земјите во развој и земјите со средни приходи поради влошување на економската ситуација предизвикана од пандемијата на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Нагласи дека на овие земји поради глобалната пандемија додатно им е отежнат пристапот до светските финансиски пазари.
Во обраќањето на конференцијата во седиштето на ОН, за финансиските ефекти на пандемијата Ковид-19, Гутереш истакна дека светот ќе се соочи со, како што рече, „деструкција и голема болка" кои дури не можат ниту да се замислат, доколку сега не се делува во борбата против пандемијата.
Наведувајќи дека гладттта и сиромаштијата веќе го достигнале историското ниво, предупреди дека уште 60 милиони луѓе потонале во сиромаштија.
Напомена исто така дека пандемијата би можела да предизвика губитоци во глобалната економија од дури 8,5 милијарди долари во наредните две години, додавајќи дека тоа би бил најтешкиот губиток од Големата депресија од 1930 година.
Потсети дека целиот свет се соочува со невидена хуманитарна криза и покрај огромните технолошки и научни достигнувања постигнати во претходните децении.
Поради тоа, апелираше на единство и солидарност во борбата со пандемијата и на пружање финансиска поддршка на земјите во развој.
„Имаме механизми и средства за зголемување на глобалната ликвидност и ве повикувам да ги искористите", додаде тој.
Нагласи дека земјите во развој и земјите со средни приходи посебно тешко се погодени со кризата и дека многумина од нив нема да можат да враќаат долгови.
„Ублажувањето на долговите не би требало да се ограничи само на најмалку развиените земји, туку и на земјите во развој и на земјите со среден доход кои се повеќе губат пристап на финансиските пазари", рече Гутереш.