свет, Коронавирус

Иран: Во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 63 лица

- Портпаролот на Министерството за здравство, Кијануш Џиханпур, изјави дека во истиот период се потврдени 2.258 нови случаи на заразување

Ahmet Dursun  | 28.05.2020 - Обновена : 29.05.2020
Иран: Во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 63 лица

АНКАРА

Во Иран, во изминатите 24 часа, од последиците на заразувањето со Ковид-19 починаа 63 лица, со што вкупниот број на починати достигна 7.627, јавува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на Министерството за здравство, Кијануш Џиханпур, изјави дека во истиот период се потврдени 2.258 нови случаи на заразување.

Џиханпур изјави дека вкупниот број на заразени во Иран се зголеми на 143.849.

Тој истакна дека 2.543 заразени се наоѓаат во критична состојба, и дека се излекувани 112.988 лица кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.

Џиханпур додаде дека во Иран од почетокот на пандемијата се тестирани 876.492 лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın