свет

Турско здружение дистрибуира помош во подрачјата погодени од поплавите во Европа

Тахир Коксој, шефот на кризниот тим, за АА изјави дека турската муслиманска организација Исламска заедница „Мили Горуш“ активно им помага на луѓето во Белгија, Холандија и Германија

Erbil Başay  | 19.07.2021 - Обновена : 22.07.2021
Турско здружение дистрибуира помош во подрачјата погодени од поплавите во Европа

БЕРЛИН (АА) - Здружението „Хасене“, невладина организација на Исламската заедница „Мили Горуш“ (IGMG), дистрибуира помош за поплавените области во Европа преку своите мобилни народни кујни, јавува Агенција Анадолија (АА).

Тахир Коксој, шефот на кризниот тим, за АА изјави дека турската муслиманска организација Исламска заедница „Мили Горуш“ активно им помага на луѓето во Белгија, Холандија и Германија.

Коксој изјави дека кризниот тим планира што е потребно и каде, и ги насочува своите мобилни кујни кон областите погодени со катастрофи.

„Волонтерите преку народните кујни доставуваат топли јадења и храна за екипите за потрага и спасување во Германија и Белгија“, рече Коксој.

„Нема вода за пиење во Столберг, Германија. Донесовме вода за пиење. Прво доставивме храна, топли оброци и вода, што се итно потребни“, додаде тој.

Досега во Германија најмалку 157 лица ги загубија животите, а стотици се водат како исчезнати, соопштија вчера германските власти.

Најголемите поплави во Германија во повеќе од 200 години како резултат на обилните дождови, кои предизвикаа поплави, наноси од кал и лизгање на земјиштето, нанесоа големо разорување во повеќе градови и села во западните региони што се граничат со Белгија и Франција.

Во саботата обилните дождови ја погодија источната германска покраина Саксонија и подрачјето на Горна Баварија, принудувајќи на евакуација стотици жители. Најмалку едно лице загина во поплавената област, јавија локалните медиуми.

Германската телевизиска мрежа АРД (ARD) исто така започна кампања за донации за собирање средства за погодените во поплавите.

Во Белгија, бројот на жртви достигна 31, додека операциите за пребарување и спасување продолжуваат за 163 исчезнати лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.