Haydar Karaalp
19 Јули 2021•Ажурирај: 21 Јули 2021
БАГДАД (АА) - Ирачкиот премиер Мустафа ал-Казими истакна дека имало три обиди за атентат врз него за време на неговиот мандат, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Казими, кој е премиер на Ирак од мај 2020 година, даде интервју за телевизијата „Ал Хадат“ од Саудиска Арабија.
Казими, истакнувајќи дека имало три обиди за атентат врз него за време на неговиот мандат, не даде информации за тоа кога и од кого биле организирани.
„Не сум загрижен и не се плашам. Ќе продолжам да работам во согласност со планот што го изготвивме за водење на земјата“, нагласи Казими.
Казими е на чело на ирачката Влада од мај 2020 година.