Çağrı Koşak
19 Јули 2021•Ажурирај: 20 Јули 2021
МЕКА (АА) - Кисвата, прекривката за Каба, е сменета додека трае аџилакот со ограничен број луѓе поради пандемијата на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Саудиската новинска агенција СПА, наведе дека и оваа година, како и претходните, сменета е прекривката на Каба.
Наведено е дека прекривката, на која работеле околу 200 работници, е изработена од чиста свила.
Кисвата се менува на Денот на Арефат, а старата покривка се мие со зем-зем вода, по што нејзините делови се испраќаат во музеи или се донираат на одредени официјални претставници.
Саудиска Арабија претходно објави дека поради пандемијата на коронавирусот, оваа година на аџилак ќе бидат примени само 60.000 луѓе од земјата, без аџии од странство.