Fırat Taşdemir
03 Јули 2023•Ажурирај: 05 Јули 2023
МЕКА (АА) - По извршувањето на аџилакот, петтата исламска должност, муслиманите се наоѓаат во Медина, Саудиска Арабија, каде што ги посетуваат светите места во тој град, јавува Анадолу.
Аџиите ја посетуваат и Пратениковата џамија, во којашто се наоѓа гробот на божјиот пратеник Мухамед, каде што кажуваат молитви.

Додека некои аџии се подготвуваат да се вратат дома, други се во Медина, каде ги посетуваат светите места во овој град.
Поради временските услови, аџиите доаѓаат главно во утринските или попладневните часови за да ги избегнат горештините.

Околу 2,5 милиони аџии овие денови ги извршија обредите на аџилакот, меѓу кои главни се облекувањето ихрами, престојот на Арефат и тавафот (обиколка околу Каба).