Ramazan Turgut
20 Август 2017•Ажурирај: 20 Август 2017
РИЈАД (АА) - При увид на шест посебни пунктови поставени во близина на Мека, Саудиска Арабија, во градот не беше дозволен влез за 120.000 луѓе кои немаа дозвола за вршење на аџилак, јавува Anadolu Agency (AA).
Дирекцијата на безбедносните сили за време на аџилакот соопшти дека 120.000 странци со престојувалиште во Саудиска Арабија, кои немале дозвола за вршење аџилак, се обиделе да влезат во Мека и да го извршат аџилакот, што не им било дозволено, по што се вратени назад.
Засилени се безбедносните контроли на шест пунктови, а во соопштението се додава дека биле одземени и 61.600 возила, кои немаат дозвола за влез во подрачјето каде што се врши аџилакот.
Со цел да се избегне стампедо и други слични ситуации во периодот на аџилакот, Саудиска Арабија од идните аџии од странство бара посебна виза, а од странците и населението во земјата, бара посебна дозвола.
Во Саудиска Арабија има околу десет милиони странци, а оние кои живеат во земјата на секои пет години може да добијат дозвола за вршење на аџилакот.