Tayfun Coşkun
20 Август 2017•Ажурирај: 20 Август 2017
МАУНТИН ВЈУ (АА) - Во градот Маунтин Вју кој се наоѓа во Силиконската Долина, во американската сојузна држава Калифорнија, се одржа протест против расистичкиот Кју Клукс Клан (ККК) кој ја пропагира супериорноста на белците во Америка, и протест против претседателот на САД, Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестот започна пред општинската зграда на Маунтин Вју, на кој учество земаа околу 500 демонстранти, меѓу кои имаше и жени и деца.
Демострантите протестираа против политиката на Трамп, случувањата во Шарлотсвил (Вирџинија) и расистичките дејствија во земјата.
Демонстрантот Крис Феникс за АА изјави: „Нормалните луѓе се помоќни и посилни од расистите и од оние кои мразат. Дојдов тука да застанам покрај оние кои протестираат против расизмот, активностите кои ги спроведуваат белците што себеси се сметаат за супериорни и против политиката која ја води власта”.
Професорката Синтија Бејли Ли од Универзитетот Станфорд во своето обраќање пред демонстрантите рече: „До секого испраќам порака дека отсекогаш сум била против нацистичките движења. Постојат многу патишта преку кои може да се искаже љубовта, половата различност, подобрувањето на заедницата и вербата во Господ. Но не постои пат ниту причина која ги оправдува омразата и фашизмот”.