Orhan Topal
11 Август 2019•Ажурирај: 13 Август 2019
МЕКА (АА) – По искачувањето на ридот Арафат, верниците синоќа со колони автобуси се упатија во Музделифа, каде што собраа камења за симболичниот ритуал на „каменување на ѓаволот“, пренесува Anadolu Agency (AA).
По полноќ муслиманите се упатија во местото Џамарат каде што учествуваа во симболичниот ритуал на „каменување на ѓаволот“, фрлајќи седум камчиња.
Потоа муслиманите ја посетија Каба каде што ритуално седумпати ја заобиколија Каба.
Оваа година вкупно околу 3 милиони муслимани станаа аџии.
Повеќето од аџиите утринската и Бајрамската молитва ја изведоа во Каба.