свет

Биланс од судирите во последните 24 часа во Аден: 5 лица мртви, 119 повредени

Во Јемен, силите на Хизам ел Емни, поврзани со Јужниот транзициски совет, а поддржани од ОАЕ, по четиридневните судири вчера ја презедоа контролата врз претседателскиот дворец Маашик во Аден и стратешките државни институции

Mehmet Nuri Uçar  | 11.08.2019 - Обновена : 12.08.2019
Биланс од судирите во последните 24 часа во Аден: 5 лица мртви, 119 повредени

АДЕН (АА) – Најмалку 5 лица загинаа, 119 лица се повредени, од кои 62 тешко во судирите настанати во последните 24 часа во Аден, привремен главен град во јужниот дел на Јемен, меѓу легитимните владини сили и силите на Хизам ел Емни, во рамките на Јужниот транзициски совет, поддржан од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), пренесува Anadolu Agency (AA).

„Како резултат на судирите меѓу страните во последните 24 часа во Аден, најмалку 5 лица загинаа, 119 лица се повредени, од кои 62 имаат сериозни повреди“, се вели во соопштението на Лекари без граници (MSF).

Во соопштението, исто така се наведува дека едно дете го загубило својот живот, а поголемиот број од повредените биле цивили.

Во Јемен, силите на Хизам ел Емни, поврзани со Јужниот транзициски совет, а поддржани од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), по четиридневните судири вчера ја презедоа контролата врз претседателскиот дворец Маашик во Аден и стратешките државни институции.

Според информациите, властите и командантите ја напуштиле претседателската палата во оклопно возило кое му припаѓа на Саудиска Арабија, а контролата врз градот премина во целосна контрола на Хизам ел Емни.

Војниците на Хизам ел Емни, во рамките на Јужниот транзициски совет, поддржани од ОАЕ, се обидуваат да ја урнат легитимната Влада предводена од претседателот на Јемен, Абдурабубу Мансур Хади, кој живее во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија.

По востанијата во Јемен започнати во 2011 година, повторно на дневен ред дојдоа размислувањата за поделба на Јемен на Северен и Јужен. Тие беа обединети во 1990 година, поради што и беше формирано сепаратистичко движење под името „Јужно движење“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın