Barış Gündoğan
27 Октомври 2020•Ажурирај: 28 Октомври 2020
АНКАРА
Турските сили неутрализираа шест терористи на ПКК во воздушната операција спроведена во северен Ирак, соопшти турското Министерство за одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Терористите, кои подготвувале напад, се неутрализирани во регионите Зап и Гара.
Министерството во објавата на профилот на социјалната мрежа Твитер истакна дека операциите против терористичката организација ПКК продолжуваат со решеност.
„Со воздушни операции во регионите Зап и Гара во северен Ирак неутрализирани се 6 терористи на ПКК, кои подготвувале напад“, се нагласува во соопштението на Министерството.
Терористите на ПКК го користат подрачјето на северен Ирак, близу границата со Турција, како база за планирање напади во Турција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.