Ahmet Dursun
26 Октомври 2020•Ажурирај: 27 Октомври 2020
АНКАРА
Иранскиот министер за надворешни работи, Мухамад Џевад Зариф, ги опиша навредите кон муслиманите и исламот како „злоупотреба на слободата на изразување“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во пораката објавена на неговиот профил на социјалната мрежа Твитер, Зариф реагираше на навредите кон божјиот пратеник Мухамед под маската „слобода на изразување“ и кон изјавите на француските власти насочени кон исламот.
Посочувајќи дека навредата на исламот ќе го поттикне екстремизмот, Зариф рече: „Муслиманите се главните жртви на култот на омраза што го зајакнуваат колонијалните режими и го шират нивните марионети. Навредата на 1,9 милијарди муслимани е злоупотреба на слободата на изразување.“